Клековски: До есен 2027 треба да почнат работите за доизградба на КБ Штип

До есен 2027 година треба да започнат градежните работи за довршување на Клиничката болница во Штип. Министерот за здравство Сашо Клековски денеска од Штип рече дека до крајот на годинава очекува да се финализираат разговорите со Светската банка и Европската инвестициска банка и да се склучи договорот за проектот. По ова, ќе следува тендерска постапка за избор на изведувач, за која се предвидуваат од три до шест месеци.

,,Поминавме втор круг на разговори со светската банка и европската инвестициска банка. Очекуваме дека разговорите ќе финализираат околи крајот на оваа година со склучување на договр меѓу Македонија и Светска банка, европска инвестициска банка и дека потоа ќе пристапиме кон спроведување на тендер за довршување на КБ Штип. Очекувањата се дека ќе бидат потребни три до шест месеци за тенедерот. Тоа би значело летото, есента 2027 година ние би почнале да работиме на оваа болница. Сме во постојани комуникации со сите фактори, Општината, Болницата за да овој процес го водиме ефикасно. Постои комплетна посветеност да овој споменик на неспособноста го решиме и покажеме дека Македонија може.“, вели Клековски

Условите во кои што се примаат пациентите и во кои работат лекарите во КБ Штип, Клековски рече дека се лоши, но остана дециден дека тоа мора да биде мотив за да конечно се реши прашањето со оваа болница.

,,Ќе направиме да оваа болница го добие тоа што го заслужува. Овие услови во кои што се примаат пациентите и во кои работат здравствени работници овде се лоши. И тоа мора да не мотивира за да конечно го решиме прашањето на КБ Штип.

Клековски дополнително прашан за работите со оштетениот дел на болницата од невремето, одговори дека изведувач е избран, има жалба во одност на надзорот на објектот. Кога тоа ќе се разреши, како што рече ќе биде спремно да започнат активнсотите.

,,Изведувач е избран, има жалба во однос на надзорот на објектот, чим тоа се разреши ќе биде спремно за започнување на работите.“, додава Клековски

Очекувањата на Клековски се дека до следното лето ќе започнат активностите за довршување на Клиничката болница во Штип, по што конечно би требало да се решава долгогодишниот проблем со овој објект

Иван Митев, М-Нет