Био Ентерпрајз, компанија од групацијата ФЕРО ИНВЕСТ / ЦЕНТРАЛ ИНВЕСТ, доби плакета за благодарност од „Макпрогрес“ за помошта што ја обезбеди при големиот пожар кој пред една година зафати дел од фабриката на македонскиот бренд „Винчини“ во Виница.
Веднаш по избувнувањето на пожарот, од биогасната електрана Био Ентерпрајз, лоцирана близу Свети Николе, самоиницијативно беа испратени цистерни со вода кон Виница за да помогнат во гаснењето на огнот.

На настан одржан една година по пожарот и по обновувањето на оштетените производствени капацитети, „Макпрогрес“ им оддаде признание на сите што помогнале во тие тешки моменти, потсетувајќи на значењето на солидарноста и подадената рака кога е најпотребна.
За нас, ова признание има посебна вредност, не само како израз на благодарност, туку и како потврда за важноста на меѓусебната поддршка во деловната заедница.

Веруваме дека на бизнис-секторот му се потребни здрава конкуренција и успешни компании, но исто толку му се потребни солидарност, меѓусебна почит и подготвеност за помош.
Тие вредности се во интерес не само на поединечните компании, туку и на целокупната македонска економија и општеството.

Горди сме што можевме да подадеме рака и да помогнеме во момент кога помошта беше најпотребна и им посакуваме понатамошни големи деловни успеси на нашите пријатели ,,Винчини”.
ПР
Текстот Био Ентерпрајз доби признание од „Макпрогрес“ за помошта при пожарот во фабриката „Винчини“ е превземен од МАКФАКС.