„Демократската Унија за Интеграција бара од Министерството за внатрешни работи да го објави целосниот полициски извештај во врска со интервенцијата од 7 октомври, за време на која двајца млади од Сарај, на возраст од 21 и 23 години, биле брутално претепани од страна на припадници на полицијата“, велат од ДУИ.
„Во јавноста се изнесени спротивставени верзии за она што се случило. Младите сведочат дека биле удирани дури и откако биле совладани и ставени во лисици, додека во јавноста беа пласирани тврдења за пружање отпор кон полицијата и одземање на службеното оружје на еден полициски службеник.
Затоа бараме да се објават првичниот извештај на полициската патрола, записниците и соодветната документација, со почитување на личните податоци и интегритетот на истрагата.
Кој го составил извештајот? Што изјавиле полициските службеници кои учествувале во интервенцијата? Дали нивната верзија се совпаѓа со снимките што јавноста веќе ги виде?
Ова се прашања на кои мора да се дадат официјални одговори.
Доколку имало пречекорување на полициските овластувања, одговорноста мора да се утврди за секој инволвиран службеник, без исклучок.
Граѓаните имаат право да ја знаат вистината, а полицијата има обврска да одговара за употребата на сила.
Извештајот мора да биде објавен. Одговорноста мора да биде целосна. Ниту една униформа не смее да служи како заштита од законот“, се наведува во соопштението на ДУИ.
Текстот „МВР да го објави целосниот полициски извештај за случајот со претепаните двајца млади во Сарај“, бара ДУИ е превземен од МАКФАКС.