Три трофеи за Штип УГД: Штипјани ја комплетираа шампионската приказна, фокусот се насочува кон Лигата на шампиони

Штип УГД продолжува да пишува клупска историја, по двојната круна од минатата сезона, штипјани влегоа во историјата и како први освојувачи на „Чајка“ Супер купот, кој го освоија откако со убедливи 3:0 во сетови го совладаа ГОК Борец во Тетово.

Минатата сезона беше најуспешната за клупскиот спорт во градот под Исарот, откако Штип УГД ја донесе првата шампионска титула во клупскиот спорт за Штип, а притоа по третпат беше освона и Куп титулата, со што штипјани ја комплетираа двојната круна.

Резултат и успех кој ретко кога во иднина би можел да се случи во колективните спортови во Штип.

На целиот овој успех, Штип УГД го освои и Супер купот и со нов трофеј ја отвара новата сезона каде тимот на Кристиан Ристески ќе има многу работа – одбрана на двојната круна, но и на Супер купот, а притоа ќе има и деби во Лигата на шампионите.

Ваквиот голем успех е поздравен од љубителите на одбојката и од целиот град, поддржан од локалната самоуправа со финансиска поддршка, но и инфраструктурно, со добивањето на новата сала „Џексон“, каде ќе се играат натпреварите од првенството, но и од Лигата на шампиони, каде штипјани ќе играат со првакот на Холандија, Орион Старс.

Штипјани подготвени ќе ја дочекаат новатата сезона, како во домашниот шампионат, Купот, така и за европскиот предизвик наречен Лига на шампиони.

Александар Ванев, М-Нет