Каменица Саса против Кочани во Купот на Македонија, „рударките“ апсолутни фаворити

ФОТО: Александар Ванев | АРХИВА

Познати се двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција, а пласман обезбедија само прволигаши, без да има изненадување од второлигаш.

Најлесна задача ќе има Каменица Саса која ќе се соочи со Кочани, каде „рударките“ ќе бидат повеќе од апсолутни фаворити за пласман во полуфиналето во националниот Куп.

Пелистер полуфинале ќе бара против Речица како фаворит, Истатов ќе се соочи со Тиверија брера, а пак Љуботен ќе игра против Ас Јунајтед.

Ќе се игра само еден натпревар, во случај на нерешен резултат, ќе се изведуваат пенали, победницити обезбедуваат пласман во полуфиналето. Натпреварите од четвртфиналето е предвидено да се одиграат на 11 ноември.

Бранител на Куп титулата е екипата на Тиверија Брера, која во ланското финале славеше над Каменица Саса во меч кој се играше на стадионот во Ѓорче Петров.

Александар Ванев, М-Нет