Астибо во Штип против Јехона по први бодови, дерби во Свети Николе на Овче Поле и Струга

Ракометарите на Астибо во сабота на домашен терен во салата „Тошо Арсов“ во Штип ќе се соочат со тимот на Јехона од Гостивар, во рамките на 4. коло на Првата ракометна лига.

Двете екипи со порази ја стартуваа сезоната и немаа освоено бодови, нивниот учинок е два порази од толку натпревари и во меѓусебен дуел ќе бараат прв позитивен резултат и први бодови.

Натпреварот меѓу Астибо и Јехона ќе се игра во сабота од 12 часот во Штип.

Половина час подоцна Стружанка на домашен терен ќе игра против Гевгелија Југ, каде се очекува неизвесен дуел за освојување на целиот „плен“, а пак во 13 часот ќе стартува дербито на колото во Свети Николе меѓу Овче Поле и Струга, дуел на две екипи кои по три кола имаат перфектен учинок со три победи од толку натпревари.

Во рамки на оваа коло слободна ќе биде екипата на Шампион.

Александар Ванев, М-Нет