
Седмото коло на Втора лига ќе се затвори со дербито меѓу Беласица и Пелистер, кое се игра в недела во Струмица од 18 часот, а кое ќе можете да го следите во живо на М Нет телевизија.
Дерби на два поранешни прволигаши на Македонија, дерби на две екипи кои сакаат влез во Прва лига. Беласица на овој меч ќе бара и враќање на победничките патеки, бидејќи има четири ремија во низа, а на победа чека од 22 август кога славеше над Новаци со минимални 0:1.
Од друга страна Пелистер е во победнича форма со четири победи во низа и го држи второто место со бод помалку од лидерот Охрид.
Двете екипи последен официјален меч одиграа во Втората лига на 17 февруари 2024 година кога Пелистер со 3:0 ја доби Беласица на домашен терен, а претходно на 28 август 2023 година, истата сезона со 0:2 битолчани беа подобри од струмичани во гости.
На последните меѓусебни десет средби само две средби завршиле со по еден гол, на сите други имало од два до четири гола, со што се очекува во недела да има најмалку два погодоци, барем ако се гледа според традицијата.
Од последните десет средби Пелистери има седум победи, од кои три биле во Втората лига, три во Првата лига и една пријателска, а пак Беласица последно го доби Пелистер на 23 април 2022 година во Втората лига, а потоа струмичани беа подобри и во Купот во 2018 година и на пријателски меч од 2020 година.
Натпреварот стартува во 18 часот и се игра под рефлектори, а на М Нет телевизија ќе може да проследите уште едно дерби.
Александар Ванев, М-Нет