
Во наредните денови ќе биде ставен во функција изасфалтираниот мост кај „Македонија-Пат“ на реката Брегалница, со што се очекува да се зголеми циркулацијата и да се растовари сообраќајниот метеж во градот, соопшти градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. По завршувањето на реконструкцијата, Јорданов најави дека ќе се пристапи кон реконструкција на Камениот мост кај населбата 8 Ноември, со соодветна реставрација.
,,Во текот на утрешниот ден се очекува да биде и изасфалтиран и мостот кај Македонија- Пат, мостот на река Брегалица и веќе во наредните денови да биде ставен во функција за сообраќај и на тој начин да има поголема циркулација, соодветно движење на возила и да се растерети сообраќајниот метеж којшто е создаден заради реконструкцијата на овој мост. Како што е веќе познато, по завршувањето на реконструкцијата на мостот на река Брегалница, кај Македонија Пат ќе се насочиме кон реконструкцијата на Камениот мост кај населбата 8 Ноември кој е историски богато со соодветна конзервација, реставрација на мостот, верувам дека ќе добие еден посоодветен, автентичен изглед, онака како што заслужува градот Штип, затоа што овој мост е белег на градот“, подвлече Јорданов
Јорданов верува дека Камениот мост ќе добие автентичен изглед каков што заслужува Штип
Ева Тушевска, М-Нет