Се асфалтираат улиците „Боро Милевски“ и крак од „Рудо“ во штипската населба Леваци

Почна асфалтирањето на улицата „Боро Милевски“ и крак од улицата „Рудо“ во штипската населба Леваци. По промената на подземната инфраструктура, улиците сега добиваат и нов асфалт. Градоначалникот Иван Јорданов на денешната прес-конференција кажа дека активностите овде се одвиваат етапно, поради специфичниот и на места тежок терен, кој го отежнувал движењето на механизацијата, па дел од работите морале да се изведуваат рачно. Тој се заблагодари за трпението на жителите, посочувајќи дека станува збор за темелна реконструкција на улиците во населбата.

,,Денес се асфалтираат улиците Боро Милевски и крак од улица Рудо. Етапно се работи во оваа населба, затоа што претходно се вршеше промена на подземната инфраструктура, темелна реконструкција на секоја од улиците во населбата Леваци. Имајки во предвид дека имаме специфична конфигурација на терен, каде што во одреден делови од населбата имаме отежаната сотојба за работа со поголема махизација, делови од улиците мораа рачно да бидат изработени за промената на подземната инфраструктура. Заради овие околности или заради слични, подолг временски период имаше потреба да подземната инфраструктра се истретира и во име на тоа сакам да се заблагодарам за трпението кое што жителите од оваа населба го имаа и да се извинам за сето она кое што го правиме, но сметам дека еова е правиот штип за го обновивме Штип. Многупати сум кажал откако се изградени населбите, а таков е случајот и со Леваци, никогаш претходно не биле реконструирани улиците.“, вели Јорданов

Повеќе од 1 милион евра се вложуваат во населбата Леваци, потенцираше градоначалникот Јорданов, додавајки дека останува уште мал де улици кои треба да бидат завршени до крајот на оваа година.

,,Повеќе од 1 милион евра се вложува во населба Леваци. Останува уште еден мал дел од улиците да бидат завршени, а до крајот на годината ќе бидат истите комплетирани со целосните реконструкции и со тоа оваа населба ќе добие комплетно нов лик со целосно заменета водовдна и канализациона мрежа, со целосно реконструриани улици, нови тротарски површини, нешто кое што асоцира на ново и модерно живеење. “, додава Јорданов

Инаку, според најавите, до крајот на оваа година оваа населба се очекува да добие целосно нов лик, со обновени улици, тротоарски површини, како и пообрени услови за живот.

Иван Митев, М-Нет