Димитровски: Советничките прашања се инструмент за транспарентност на Советот

„Од формирањето на овој состав, правото да се практикува инструментот советнички прашања, како еден од принципите на транспарентност при управувањето е добро поставен и немам намера да дозволам, под разни притисоци овој инструмент да биде исклучен и со работата на Советот да биде скриен. Секој советник си носи одговорност пред јавноста за своето однесување и за своите дискусии и за своето молчење и можеби најважно од се, секој советник си носи одговорност за одлуките кои ги поддржува“, истакна Даме Димитровски претседател на Совет на Град Скопје на денешната седница.

Димитровски посочи дека седниците на Советот мора да бидат транспарентни со тоа што, правото за поставување прашања од страна на советниците не смее да се одземе ниту пак да се ограничи правото на градоначалникот да даде одговор на поставените прашања.

„Ние не можеме да дозволиме да не бидат седниците на Советот транспарентни и мора да бидеме одговорни за своите постапки. Најпрво, не смееме да им го одземеме правото на советниците да поставуваат прашање и второ не смееме да му го ограничиме правото на градоначалникот да даде одговор на поставеното прашање“, рече Димитровски.

Текстот Димитровски: Советничките прашања се инструмент за транспарентност на Советот е превземен од МАКФАКС.