Македонија до 21 година испушти победа во финишот, реми со Црна Гора во Битола

Младата репрезентација на Македонија до 21 година одигра 1:1 против Црна Гора во Битола, во претпоследниот натпревар од квалификациите за Европското првенство.
Македонските надежи успеаја да стигнат до предност во второто полувреме. Љатифи во 58. минута го затресе голот на Црна Гора за водство на Македонија од 1:0.
Сепак, гостите успеаја да израмнат, па натпреварот заврши без победник – 1:1.
Во финишот Македонија имаше можност да стигне до трите бода, но не ја искористи шансата за победнички гол.
За избраниците на селекторот Таневски следува уште еден натпревар во овие квалификации. Македонија ќе ги затвори квалификациите со гостување против Шведска, каде што ќе има можност да го заокружи циклусот со уште еден силен настап.