
Викендот стартува новата сезона во кошаркарската Суперлига, а по повеќегодишна пауза во Штип ќе се игра и гледа елитна кошарка.
Првото коло го носи дуелот во новата сала „Џексон“ меѓу ГКК Штип и Тиквеш од Кавадарци, натпревар кој е закажан за 3 октомври (сабота) од 18 часот.
Започнува нова ера за кошарката во Штип, а спортската јавност во сезона 2026/2027 ќе дава силна поддршка за својот миленик, кој ќе биде предводен од стратегот Марјан Србиновски.
Во рамките на првото коло покрај мечот меѓу Штип и Тиквеш, ќе се одиграат уште четири средби. Скопје на домашен терен ќе го пречека Кожув, шампионот МЗТ Скопје ќе биде домаќин на Куманово што ќе биде реприза од Суперкупот, Пелистер ќе оди на мегдан со ТФТ, а пак новиот суперлигаш Струмица ќе го пречека Работнички.
Во новата сезона ќе се натпреваруваат десет екипи.
Александар Ванев, М-Нет