
Со асфалтирање на пешачката патека меѓу селата Таринци и Карбинци заврши проектот кој безбедно ќе ги поврзува жителите на двете села. Пешачката патека е во должина од 1,5 километри. Градоначалкникот на општина Карбинци, Виктор Паунов на денешната прес-конференција истакна дека пешачката патека е долж регионалниот пат, кој води до планината Плачковица.
Се работи за проект кој што е еден од поважните за нас во овој период, го работевме неколку месеци, а очекувам некаде понеделник-вторник најдоцна да биде целосно завршен со оваа фаза асфалтирање. Со тоа што за граѓаните од овие населени места ќе имаат можност за рекреација, можност за безбедно движење од овие две населени места. Се работи за пешачка патека 1,5 километри која што ќе ги поврзе овие две населени места, а овој потег е најфреквентен со возила-вели Паунов. Тој посочи дека жителите од двете населени места можат и безбедно да пристигнат до централното основно училиште, потоа до зградата на Општината и на ЈП „Плачковица“.
Овој проект е реализиран благодарение на Општината и на Министерството за локална самоуправа. Проектот изнесува 6,4 милиони денари, од коишто 4,5 милиони денари се обезбедени от Министерството за локална самоуправа од Програмата за намалување на диспаритетите, а остатокот е кофинансирање на општина Карбинци. Осветлувањето ќе биде по принципот на соларна енергија, нема да биде дополнителен трошок на општината, и исто така ќе биде збогатена со урбана опрема, тоа се клупи долж истата патека и канти за отпадоци-подвлече Паунов. -вели Паунов.
Втората фаза од реализацијата на пешачката патека е поставување улично осветлување и урбана опрема.
Ева Тушевска, М-Нет