
Со различни техиники, работа со тесто и пластелин, денес во детската градинка Вера Циривири Трена, дечињата приготвуваа пастрмалии, негувајќи ја симболот на градот. В.д. директорката на градинката, Ана Јакимова истакна дека оваа активност е дел од нивната градинка секоја година за зачувување и продолжување на традицијата.
,,Денес во нашиот град се одбележува Штипска Пастррамалијада. По тој повод децата од нашата градинка преку своите фантазии ќе ја раскажат приказната за традицијата којашто ја негуваме со години. Користиме најразлични техники, работа со тесто, со пластелин, а исто така оваа активност се одвива во сите клонови на нашата година, се со цел да продолжиме и да им насочиме на децата да ја почитуваат и негуваат традицијата, а така и идните следни генерациии да ги учиме како треба да се грижиме и да ја продолжиме самата традиција“, рече Јакимова
Дечињата рецитираа стихови посветени на Штипската Пастрмалијада.
Инаку, во сите клоновите на градинката Вера Циривири Трена се одвиваше оваа активност.
Ева Тушевска, М-Нет