Со сечење на џиновската пастрмајлија се отвори 18. издание на манифестацијата Штипска Пастрмалијада

Со сечење на џиновската пастрмајлија на шеталиштето „Ванчо Прќе“ денеска се отвори 18. издание на манифестацијата штипска Пастрмалијада. Со богата музичко – забавна програма наредните два дена Штип ќе биде центар на случувањата. Дополнително градот ќе има и финансиски прилив на средства кои ќе ја поддржат локалната економија.

Во подготовката на џиновската пастрмајлија учествуваа четири лица, а потребни bеa 17 кг зачинето месо и 25 кг тесто, истакнува пекарот Николче Малинов.

Посетителите ја дегустираа џиновската пастрмајлија и беа воодушевени од нејзиниот вкус, потенцирајќи дека од штипската, поубава пастрмајлија нема.

Манифестацијата штипска Патрмалијада продолжува и утре. По 19 часот, концертниот дел ќе се реализира на градскиот стадион во Штип, а ќе настапат Јован Јованов и Елвир Меќич и ѕвездата на вечерта Желко Јоксимович .

Eва Тушевска, М-Нет