
Летна школа „Мониторинг на квалитетот на водата, воздухот и почвата“ денеска беше отворена во организација на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија и Универзитетот „Гоце Делчев“. На отворањето присуствуваше министерката за образование и наука, Весна Јаневска, која истакна дека загадувањето на животната средина е проблем со кој се соочува целиот свет, а ваквите иницијативи се значајни за негово спречување, но и за стекнување и размена на знаења.
,,Загадувањето на водата, почвата и воздухот не се проблем само во Македонија, тие се проблем во Европа и во целиот свет, па баш заради тоа обидите да се спречи ова загадување е не само наша цел, туку е цел и на истражувачите во Европа. Оттука, состанокот кој го имаме, овој собир со заеднички истражувачки центар на Европа, од огромно значење за стекнување на знаења, пренесување на тие знаења и заедничка заложба за зелената агенда на Европа. Му честитам на УГД за организацијата на овој настан кој е од огромно значење. Му благодарам на г. Бејлис за неговото присуство тука и целокупната организација и соработка со заедничкиот истражувачки центар на Европа“ најави Јаневска
Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Дејан Мираковски, истакна дека оваа активност за првпат се реализира во Македонија и се изрази надеж дека учесниците од сите земји од Западен Балкан ќе бидат задоволни од програмата и од предавањата на експертите од Заедничкиот истражувачки центар, професорите од УГД и напредните студенти.
,,Денес сме собрани на отворањерето на летната школа мониторинг на квалитетот на водата, воздухот и почвата организирана од заедничкиот центар на европската комисија. Ова е една активност којашто за првпат се реализира во Македонија и се надевам дека ова ќе биде еден од првите чекори за поинтензивна соработка за заеднички научно истражување со заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија и верувам дека учесниците кои доаѓаат од сите земји од западен балкан ќе бидат задоволни со тоа што ќе можат да го видат тука како предавачи се експертите од заедничиот истражувачки центар, наши професори и напредни студенти од целиот западен балкан“, рече Мираковски
Научникот и истражувач во Европската комисија, Клаудио Бејлис, смета дека летната школа е еден од начините за проширување и пренесување на знаењата на Заедничкиот истражувачки центар до младите истражувачи од земјите на Западен Балкан.
,,Се заблагодарувам за поддржката на нашите институции, министерката, УГД, бидејжи организацијата на оваа школа ја сметаат како еден од начионите да се пренесе врвно знаење што го има заедничкиот истражувачки центар во државите од западен Баллкан, напредни студенти и млади истражувачи од западен балкан, денеска ги имаме тука. Идејата е да тоа знаење допринесе да и нашите земји имаат подобар квалитет на водата, воздухот и почвата како поврзни медиуми, со тоа и да имаат подобро здравје, луѓето коишто живеат во овие региони“, кажа Клаудио
Министерката Јаневска посочи дека Министерството издвоило 6 милиони евра за истражувања, додека УГД добил два проекта од по 25 илјади евра.
Ева Тушевска, М-Нет