По обелоденување на сите информации за проектот за прослава на 35 години независност и согледување на фактите дека нема ништо спорно и ништо незаконски, СДС, Венко Филипче и нивните контролирани пера треба да ѝ се извинат на јавноста што ја лажеа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„После сè, на површина излезе тоа дека Венко Филипче и СДС се и против независноста и се антимакедонски елемент. Тие се срамат од помислата да имаме горд и среќен народ.
Таквата нивна позиција ја следат оркестрирани пера од СДС, кои против поединци и уметници водат организирана хајка.
Тука ќе ја видите сета немоќ и одработување за туѓи интереси. Попладне Венко се бори против некаква српска свест, а втората половина се бори за заштита на турбо-фолк и негов влез.
Затоа човекот сам се препознава во талогот кој ќе биде поразен“, се вели во партиското соопштение.
Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Се докажа дека нема ништо незаконски за прославата на 35 години е превземен од МАКФАКС.