Овчата сипаница се шири кон Плачковица, вакцини сe уште нема, се очекуваат обештетувања за сточарите

Овчата сипаница се шири кон Плачковица, а меѓу сточарите расте стравот од нови случаи. Во селото Кучица веќе има заболени овци, кои по пријавувањето биле отстранети. Сточарите велат дека се уште нема вакцина. Бараат итна реакција од надлежните за да се спречи понатамошното ширење на болеста.

,,Ништо што се превзима, сите мислат дека државата со нешто ке помогне, ама не помага. Само слушам од народот што треба да се превземе, се уште не е стасало вакцина, а имале неколку болни овци. Да, тие што беа болни,ги пријавија, дојдоа и ги угинаа.”, велат селаните

Вакцините против овча сипаница од Турција се очекуваат да пристигнат во секој момент, но вакцинацијата ќе се спроведува само кај здравите грла, вели министерот за земјоделство Борче Серафимовски. Тој додава дека пред апликацијата мора да има одобрение од Европската комисија, за да не се ризикува забрана за извоз на јагнешко месо во наредните три години

,,Во врска со вакцинацијата и вакцините кои што се очекуваат да пристигнат од Турција, да во секој момент се очекуваат да пристигнат. Во разговор со ветеринарните служби, со АХВ и научните институции констатиравме дека во овој момент и да ги аплицираме вакцините не можеме да го сопреме ширењето кај веќе заразените грла. Така да вакцинацијата ќе се изврши пред се кај здравите, со цел да ги заштитиме здравите, а мора да се почитуваат мерките на излоација за да го намалиме ширењето. Затоа морам да напоменам дека и денеска да ја добиеме вакцинацијата, ние мораме да добиеме официјален одговор од страна на европската комисија за аплицирање на овие вакцини, бидејки да не се доведеме во состојба за забрана за извос во наредните три години за јагнешко месо.”, истакна Сарафимовски

Направена е проценка на угинатите грла, а во наредниот период ќе бидат обезбедени средства за обесштетување на сточарите, најавува министерот. Тој апелира на строго почитување на мерките, нагласувајќи дека шест месеци не смее повторно да се внесува добиток во одгледувалиштата каде што имало заразени животни.

Направена е соодветна проценка на досега угинатите грла и во наредниот период ќе се пристапи кон обезбедување на средства за исплата на сточарите кои што реално се опфатени во оваа ситуација. Со АХВ сме постојано во контакт, каде што апелираме на доследно почлитување на сите мерки од страна на сточарите. Да свесни сме дека тие живеат од тоа, но мора да се почитуваат овие мерки, односно дека шест месеци не може да истото одгледувалиште повторно да се набавува нов сточен фонд и да се продолжи.”, додава Сарафимовски

Инаку и од Сојузот на одлегувачи на овци, во последнте изјави истакнаа дека ситуацијата е алармантна и дека болеста зима се поголем замав.

Иван Митев, М-Нет