
Започна изградбата на ветерниот парк во Штип, кој се очекува да биде пуштен за три години, изјави денеска министерот за транспорт и врски, Александар Николовски.
,,За 3 години ќе го пуштиме овој ветерен парк, е најдобар доказ за вашата работа. Ќе продолжиме да го продолжуваме проектот, вложивме многу во изминатиот период“, рече Николовски
Стотици градежни машини и почеток на инсталирањето на производните капацитети на ветерниците докажуваат дека кога партнерски се работи, има успешен резултат, рече премиерот Христијан Мицкоски, кој отпочнува инвестиција која на крајот ќе биде вредна околу половина милијарда долари.
,,Денеска гледаме десетици градежни машини, би рекол стотици градежни машини, гледаме почеток на инсталирањето на производните капацитети, на ветерниците, гледаме институции коишто партнерски работеа, докажаа дека кога партнерски се работи позитивниот резултат е неизбежен. Отпочнуваме инвестиција која на крајот кога ќе биде целосно реализирана ќе вреди околу половина милијарда долари, но она што мене дополнително ме охрабрува е фактот што од инвеститорот слушнав дека туку не почнуваат и не завршуваат нивните планови за инвестирање во Македонија, туку напротив тие имаат и други планови, зашто ќе ја имаат поддршката од владата и целокушниот институционален ризик којшто е неопходен за да овие проекти станат реалност ќе бидат обврска на владата“, вели Мицкоски
Мицкоски го радува фактот што според плановите на инвеститорот, тука не завршуваат плановите за инвестирање во Македонија.
Ева Тушевска, М-Нет