Мицкоски: Концертот на Гета не беше платен од буџетот на државата

На денешната прес-конференција во Спортска сала ,,Џексон”, премиерот Христијан Мицкоски даде одговор на јавноста за потрошената сума пари за настани кои се одржуваа летово по повод 35 години независност на Македонија. Имено, премиерот Мицкоски тврди дека за настапите летово не потрошил ниту денар од буџетот, вклучувајќи го и вчерашниот настап на градскиот стадион во Скопје на светската ѕвезда Дејвид Гета, пред 50 000 илјади луѓе.

,,Морам прво да заклучам дека имавме навистина историско лето, лето за паметење во коешто голем број светски ѕвезди настапија низ државата. Се започна во Битола на 2 август, потоа продолжи оној караван Силно светнал ден којшто помина низ 11-12 градови, потоа на градскиот плоштад со олд стар ѕвезди со голем спектакл и сето ова кулминираше со овој спектакл коипшо се одржа вчера на градскиот стадион, каде што светски број еден ѕвездата Дејвит Гета приреди навистина спектакл за паметење. 50 000 илјада луѓе уживаа и сето ова беше посебно да се следи во текот на летото. Лошата вест е дека буџетот за сите овие настапи го чинат 0 денари. И граѓаните и буџетот сите овие наастани ги чинат 0 денари. Се е организирано од општествено одговорни компании“, одговори Мицкоски

Инаку, летово настапија бројни музички ѕвезди низ државата, меѓу кои и во градот Штип.

Ева Тушевска, М-Нет