
Во тек е подготовката на зимницата, а корнишоните и фефероните се меѓу омилените на трпезата. За некои, пак, ручек без кисело не е ручек. Некои веќе ставиле, други допрва ќе ставаат, најчесто крајот на месецоб. А има и такви кои годинава нема да прават, бидејќи немаат за кого – ако им притреба, ќе си купат една тегла.
Домаќинките го споделија и рецептот за киселите краставички – вода, мали лажички сол и шеќер и филџанче оцет. Некои од нив, дозата за ја знаат напамет, а некои ја имаат запишано и ја проверуваат при подготовката.
Вредните раце на домаќинките и годинава ќе се погрижат за зимските денови – со полни тегли корнишони и домашно кисело, за вкусна трпеза и кога летото ќе помине.
Eва Тушевска, М-Нет