Останува ли септември најскап месец во годината – зимница, училиште и дрва, граѓани без пари

Останува ли септември најскапиот месец во годината? Пари за зимница, за огревно дрво, за децата во училиште. Анкетираните граѓани велат, на што и да помислат се е веќе скапо. Секоја вечер се прават математики како да се истера месецот. Тетратки, моливи, пипер, зејтин и другите работи се купуваат таму каде што се поевтини, макар и за денар-два. Се оди од продавница до продавница, од книжара до друга, од тезга на тезга, бидејќи денес и тој денар значи многу.

Повозраснтие граѓани велат особено скапо е во маркетите, а особено се револтирани поради различните цени на рафт и каса. Велат дека цените се менуваат од ден на ден и се се поскапи.

Поголем дел од повозрасните граѓани децидни дека зимницата станува луксуз. Или се намалува правењето ајвар или воопшто не се прави. Се штеди и на дрва и на се останато на што може за да се преживее периодов.

Иван Митев, М-Нет