ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Горан “бетон” Герасимовски сите одговори ќе ги добие ако се сети на моментот кога тој потпишувал дозвола

Горан „бетон“ Герасимовски, за сите прашања одговор може да најде ако се потсети што мислел во моментот кога за градбата која ја зборува, самиот дал дозвола. За одобренија кои тој ги издал, треба да се запраша себе си, што мислеше кога се потпишуваше и се расфрлаше со одобренија за градба, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Треба да се запраша Горан, зошто токму сега прави обиколки низ Центар, а до вчера удобно уживаше во градоначалничката фотелја под клима.

Треба да се запраша и како сè беше во ред додека издавал одобренија за градба, а сега не е.

Одговорот е јасен. Бидејќи му гори под нозе. Знае дека ова е последен мандат на СДС во Центар, а тој оди во политичка пензија.

Кога работите нема да му се одвиваат според замислениот план, Горан „бетон“ Герасимовски глуми борец против бетонизацијата која ТОЈ лично ја спроведува.

На човекот со троцифрен број издадени одобренија за градба, сега опозицијата му е крива за тоа што ТОЈ, заедно со кадрите на Венко и Заев го спроведуваат цела деценија.

Деценија методи на притисоци кои смрдат на КОРУПЦИЈА. Деценија во која секоја неуспешна шема на СДС ја плаќаат центарци од сопствениот џеб во име на пенали. Нема да е прв пат, само што заврши исплаќањето кон “Пелагонија” вредно милиони“.

Истите политики што сега ги спречуваме, во минатото ја чинеа Општина Центар 2,5 милиони евра отштета кон градежната компанија „Пелагонија“, обврска што општината ја исплаќаше со години, посочуваат од партијата.

„Му препорачуваме на Горан да сврти малку поголем круг низ Центар, да си ги види стотиците згради кои тој лично ги одобрил. Или да продолжи да одмара под клима, бидејќи теренот очигледно не му оди од рака. Да си го доседи мандатот како што правеше и до сега, зошто граѓаните освен штета и расипништво, веќе ништо друго не очекуваат од него“.

Текстот ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Горан “бетон” Герасимовски сите одговори ќе ги добие ако се сети на моментот кога тој потпишувал дозвола е превземен од МАКФАКС.