Револт во радовишко Калаузлија – родители реагираат за проблеми со наставата на турски јазик, училиштето демантира

Револт во радовишко Калаузлија, наставникот Јашар Сулејман и родителите реагираат дека учениците од турската заедница до петто одделение во подрачното училиште учат на турски јазик, а од шесто одделение во Радовиш им предаваат предметни наставници кои, според нив, не го познаваат јазикот. Дополнително, велат дека училиштето нема интернет повеќе од десет години, а учениците немаат ниту вода за пиење.

,,Едното е подрачното училиште во село Калузлија, другото централното во Радовиш. Значи ние се соочуваме со големи проблеми, значи наставниот јазик се одвива на турски. Бидејки предметните наставници не го познаваат јазикот и кога предаваат не зборуваат на истиот јазик. Ние како родители бараме подитно да се земем мерки за да наставата се одвива поквалитетно и ефикасно. Дел ученици од тука од прво до петто одделение учат на турски јазик. Како се пушти новата зграда на училиштето да функционира, оттогаш пет години јас како родител и моите комшии што имаме сами од базентите вода, ние да даваме на училиштето вода. Вода за пиење ученциите немаат, интеренет немат повеќе од 10 години. Исто така кога завршуваат петто оделение, во централното училиште почнуват од шетто до деветто одделение во ООУ Крсте Петков Мисирков. Дел од наставниците немаат завршено за наставник, а предаваат математика.“, кажа Сулејман

Од училиштето ги демантираат наводите на родителите и наставникот, посочувајќи дека сите наставници имаат соодветно стручно образование за предметите што ги предаваат. Оттаму велат дека во изминатите 30 години немало проблеми во наставата и оти изучувањето на македонскиот јазик од четврто одделение е законски предвидено и е во надлежност на Министерството за образование.

,,Сите наставници во ООУ Крсте Петков Мисирков се со соодветно стручно образование, согласно предметот што го предаваат и досега во изминатите 30 години немало никаков проблем. Секогаш имало професионален однос меѓу вравотените, наставниците и учениците и никогаш тоа не влијаело на успехот на ученците. Што се однеснува до воведувањето на Македонски јазик, како предмет да се изучува од 4-то одделение тоа е законски предвидено и е под надлежност на министерството за образование.“, известуваат од училиштето

Родителите остануваат на своите барања, додека од училиштето посочуваат дека наставата се одвива согласно законските прописи.

Иван Митев, М-Нет