
Фестивалот на песни за деца ,,Весело штурче“ годинава одбележуба јубилеј од пет години од неговото возобновување. Големата сцена на Домот на културата ,,Ацо Шопов“ во Штип, на 24 септември ќе биде домакин на фестивалот исполнет со детска енергија, нови композиции напишани и испеани од млади таленти и посебна програма со настапи на познати гости меѓу кои и Нела Манческа и Зоран Илиев, како и учесници од претходни изданија на ,,Весело штурче“, кои ќе се вратат на големата сцена за да ја споделат љубовта кон детската песна. Од 2022 година, со возобновувањето, фестивалот стана препознатлив бренд на Штип и важна платформа за млади изведувачи и автори. Бројот на пријавени деца и композитори од година на година е се поголем, а оргаизаторите ја негуваат традицијата на квалитетната детска музика во комбинација со современ пристап. Влезницитеза јубилејното издание ќе бидат пуштени во продажба на 1 септември, а публиката на 24 септември ќе ги слушне новите 22 песни, ќе ужива во настапите на гостите и во магијата што ја нуди,,Весело Штурче веќе пет години. Оваа година ќе настапат и 25 солисти од кои 4 дуета, хорот е составен од 17 деца и бенд од 4 дечиња. Директорката на фестивалот, Ирена Крстевска Стевановска најавува вечер исполнеа со смеа, песна и радост. Поканети се сите љубители на детска музика во Домот на културата ,,Ацо Шопов“да го прослават петгодишниот јубилеј.
https://youtu.be/iBWC1rvE33Y?si=Vg-FTCcQPO7jg4Ca
Ева Тушевска, М-Нет