Утре претпладне сончево и топло, а попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Утре претпладне времето ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност, во вечерните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До крајот на работната седмица ќе се задржи сончево и топло време со појава на умерена облачност во текот на денот, информира УХМР.

Текстот Утре претпладне сончево и топло, а попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер е превземен од МАКФАКС.