Тројца виничани приведени по тепачка пред угостителски објект

На 22.08.2026 во 05:15 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница ги привеле А.Ц.(29), А.Ј.(24) и Х.А.(34), сите од Виница, постапувајќи по претходна пријава дека околу 04:40 часот пред угостителски објект во Виница, поради претходно недорабирање во објектот, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.