
Кошаркарскиот клуб Соколи од Штип по промоцијата на искусниот тренер Марјан Србиновски промовираше три квалитетни засилувања, се работи за Јован Александровски, Александар Костоски и Ивица Димчевски.
Поранешниот македонски репрезентативец Александар Костоски ќе биде големо засилување, се работи за искусен плејмејкер, кој на Евробаскетот во 2015 година беше најефикасен во нашиот национален тим со 49 поени, а низ кариерата настапувеше за повеќе Македонски екипи, а меѓународна кариера градеше во Франција и Романија.
Александровски низ кариерата беше дел од Работнички, Чаир и Струмица и треба да биде исто така главен адут во штипскиот тим.
Димчевски е поранешен репрезентативец, искусен бек, освојувач на Купот на Македонија и ќе биде големо освежување во тимот на Србиновски.
Соколи ја чека одлуката на Кошаркарската федерација за да добие „валјд-карта“ за настап во Супер лигата, откако Чаир не доби лиценца за настап во кошаркарската елита, по што КФМ објавен јавен повик на кој сите заинтересирани екипи имаа право да се пријават. Во следните денови треба да биде позната и конечната одлука.
Дефинитивно во Штип се гради сериозен кошаркарски проект, а во новата спортска сала „Џексон“ ќе се игра кошарка со најдобрите екипи од Македонија.
Александар Ванев, М-Нет