
Штипскиот одбојкарски клуб Младост УГД продолжува со формирањето на ростерот за новата сезона, откако клубот кој се натпреварува во Првата лига ја продолжи соработката со Анастасија Петрушева и Стефанија Кипријановска.
Петрушева игра на позицијата примач, а како што велат од клубот таа е подготовена за нови предизвици во новата сезона во дресот на Младост УГД.
Кипријановска која е репрезентативка потекнува од школата на Младост УГД и ги има поминато сите младински репрезентативни селекции на Македонија, а денес е дел и од сениорската репрезетнација на Македонија. Кипријановска и во новата сезона ќе биде главен адут на штипскиот состав.
Претходно, Младост УГД ја продолжи соработката со Сара Стојанова и Мила Вакувска.
Александар Ванев, М-Нет