
ФК Башкими 1947 има нов тренер. Кумановскиот прволигаш постигна договор со Шабан Сулејмани, кој во новата сезона ќе го предводи тимот од клупата.
Сулејмани во Башкими пристигнува со богато тренерско искуство, а во последниот период беше дел од стручниот штаб на Работнички, каде ја извршуваше функцијата помошник-тренер.
Новиот стратег на Башкими претходно работел и во Лирија од Призрен, со која придонел за пласманот на тимот во Суперлигата на Косово. Во неговата тренерска кариера се запишани и ангажманите во Беса Добердол, Гостивар и Шкендија Арачиново.
Од клубот му посакаа добредојде на Сулејмани и изразија надеж дека новата соработка ќе биде успешна и ќе донесе добри резултати.
Паралелно со ангажманот на новиот тренер, Башкими објави и дека со досегашниот предводник Гајур Реџепи спогодбено го прекинале договорот.
Кумановскиот клуб му се заблагодари на Реџепи за досегашниот придонес и му посака многу успех во продолжението на неговата тренерска кариера.