
56 ученици утре ќе го полагаат испитот од државната матура кои не успеаа да го положат во јунскиот рок. Полагањето ќе се одвива во просториите на УГД, во Кампус 2 од 9 часот изјави раководителката на сектор образование и јавни дејности ЛЕР (Локален економски развој) Снежана Санева. Таа додаде дека првиот испит е странски јазик или математика во зависност од изборот на матурантите, додека вториот задолжителен предмет е македонски јазик, кој ќе го полагаат 5 ученици на 14 август.
,,Утре започнува полагањето на испитот на државна матура за учениците кои го имаат завршено средното образование. Се полага првиот испит којшто е задолжителен, но е изборен. Тоа е странски јазик или математика, во зависност од изборот на учениците и во Општината кај нас којшто го полагаат овој предмет, нивниот број изнесува 56. Може да биде англиски јазик, италијански, германски, француски јазик во зависност на тоа што имаат завршено учениците, а додека вториот задолжителен предмет којшто се полага во оваа сесија е всушност македонски јазик или мајчин јазик, којшто ќе се полага на 14 август. Вкупниот број ученици на ниво на Општина кои ќе го полагаат македонскиот јазик изнесува 5 ученици“, изјави раководителката Санева
Според раководителката Санева, причината за неположување на испитот била недоволната подготвеност на учениците. Таа вели дека сите ученици утрешниот испит ќе го полагаат во иста просторија поради помалиот број матуранти во однос на јунскиот рок, како и тестаторите кои ќе бидат помалку во однос на претходниот пат.
,,Па, веројатно недоволната неподготвеност на учениците за да го полагаат матурскиот испит. Нели способноста на ученикот, но и од неговата наклоност на узучување на јазикот, претпоставувам, бидејќи најголем број на учениците полагаат јазик. Мајчиниот јазик има многу малку, па значи подобро го совладале. Во Штип ќе се полага во просториите на УГД, во Кампус 2, веројатно сите ученици таму ќе бидат присутни, затоа што нивниот број е сега помал во однос на јунскиот рок кога се полагаше државната матура, така што таму ќе бидат присутни. Полагањето започнува во 9 часот, учениците треба да бидат малку порано, всушност 1 час пред тоа за да можат да се подготват за полагањето на испитот. Тестаторите се во зависност од бројот на ученици, секако е помал бројот на тестатори овојпат во однос на претходниот пат. Ќе биде се под контрола, ќе помине се во најдобар ред како што беше и јунскиот рок.“, рече Санева
Санева се надева дека сѐ ќе биде под контрола и ќе помине во најдобар ред.
Ева Тушевска, М-Нет