
Бензинот поевтинува за 4, а дизелот за 8 денари, од полноќ нови цени на горивата кои се намалуваат за 5.81%. Како што соопштуваат од РКЕ (Регулаторната комисија за енергетика), бензините ќе се движат по цена од 87 до 89 ден, за литар, додека дизелот ќе се продава по 91,5 ден по литар.
Од 11.8.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 87,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 89,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 91,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 92,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 43,538 (денари/килограм)
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат
намалување и тоа во просек: кај бензините за 6,186%, кај дизелот за 10,435%, кај екстра лесното масло за 8,138% и
кај мазутот намалувањето е за 7,151%.
Ева Тушевска, М-Нет