
Градскиот стадион во Штип во периодот што следува ќе добие значително подобрен изглед и услови за следење на спортски натпревари и други настани кои би се организирале, со изградба на преостанатите три трибини.
Како што истакна градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, веќе се изработува основен проект за изградба на трибините, со кои значително ќе се зголеми капацитетот на стадионот.
Планот е Градскиот стадион да има капацитет над 5.000 посетители, кои во исто време ќе можат да ги следат натпреварите на Брегалнциа, но и останатите спортски и други настани кои би се организирале на Градскиот стадион во Штип.
„Не само трибината кон интернатот туку останатите трибини кои штипската јавноста има желба да ги види направено за да можат сите посетители да ја следат Брегалница, но не само Брегалница туку и останатите настани кои би се случувале на Градскиот стадион во периодот кој што следи ќе бидат започнати изградба. Тоа го споменав, го најавив на претходната прес-конференција дека веќе се изработува основен проект за останатите три трибини кои треба да ја зголемат капацитетноста на посетители на Градскиот стадион некаде над 5.000 посетители кои ќе можат во исто време да ги следат натпреварите на Брегалница, но исто така и да се одвиваат различни настани во интерес на градот на Градскиот стадион. Сетоа тоа кое што го имаме зацртано како цел и како план заедно со спортскиот дел со ФК Брегалница е наша цел која верувам дека оваа година чекор по чекор ќе се реализираат зацртаните цели и сето онаа кое што е приоритет за градот“, рече градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов.
Со реализацијата на овој голем проект, Градскиот стадион во Штип би добил нов лик, поголем капцитет и услови за следење на натпревари од страна на значително поголем број на навивачи и посетители.
Брегалница сега се натпреварува во Првата македонска фудбалска лига, а на мечот против Арсими новата трибина беше преполна со посетители што е потврда дека Брегалница има голем број на навивачи и поддржувачи, а штипјани сакаат да следат фудбал во градот под Исарот во голем број.
Александар Ванев, М-Нет