Револт меѓу штипјани поради несовесни возачи, со автомобили поминуваат по шеталиштето Вано Прќе

Револтирани граѓани во Штип реагираат бидејќи, според нив, несовесни возачи често поминуваат со автомобили по новото шеталиште „Вано Прќе“, најчесто во вечерните часови. Велат дека поради тоа не се чувствуваат безбедно додека шетаат, бидејќи возилата се движат таму каде што има пешаци. Стравуваат дека, не дај Боже, ако ваквите случаи продолжат, некој може да биде удрен или прегазен.

Граѓаните велат дека казните се едно од решенијата за оние кои не ги почитуваат правилата и влегуваат со возила на шеталиштето. Според нив, само со поголема одговорност кај возачите може да се спречи ваквото однесување и да се зголеми безбедноста на пешаците.

Од полицијата апелираат до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и да не се движат со возила по пешачките површини. Посочуваат дека секое несовесно управување со возило ќе биде санкционирано согласно законските прописи, со цел да се зголеми безбедноста на сите граѓани.

Иван Митев, М-Нет