
Килограм ајварски пипер по 100 денари, модар патлиџан од 20 50 денари парче, килограм морков 60 денари. Ако на ова се додае зејтин, дрва и работа, ајварот годинава станува луксуз за дел граѓаните во Штип. Додека едни велат дека поисплатливо е да се купи тегла ајвар од маркетите откоку да се прави дома, други решени да прават под било која цени, бидејќи домашното според нив е нјавкусно. Граѓаните велат дека зимница ќе прават само оние кои имаат повеќе пари или пак оние кои што трпеливо ќе чекаат цените да паднат дури до крајот на октомврипак. Ајвар ќе прават и оние кои што произведуваат пипер во своите бавчи.
Но, од друга страна граѓаните велат дека зимница нема да се прави и од други причини. Маката тридена околу печењето, лупењето, па и пржењето дополнителен товар за нив.
Свесни за високата цена на пиперката се и произвиодителите и продавачи на пазарот. Производителите велат цените се повисоки оти нема кој да ја работи и заради сушата и невремето ке ги погоди во последниот период. Можеби благо опаѓање на цената ќе има околу октомври, но тие пиперки ќе бидат со помал квалитет.
Иван Митев, М-Нет