
Познати судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите од 2. коло на Прва лига, а која рунда се отвара денес со мечот меѓу Шкендија Арачиново и Силекс, каде главен судија ќе биде Игор Стојчевски, а негови помошници Гоце Петрески и Филип Ицковски, а пак четврти судија е Александар Василевски.
Утре во 17 часот ќе се игра мечот меѓу Башкими и Тиквеш, а правдата во Куманово ќе ја дели штипјанецот Стојанче Стојанов, а негови помошници ќе бидат Вјолца Изеири и Идриз Идризи, а пак Крумислав Ѓоргиев од Штип ќе биде четврти судија.
На Градскиот стадион во Штип ќе се игра дуелот меѓу Брегалница и Арсими во вечерен термин од 19 часот, а правдата ќе ја дели Јован Качевски, негови помошници ќе бидат Климент Ристоски и Горан Балески, а пак Кирил Смоквоски е четврти судија.
В недела се играат два натпревари за затварање на колото. Александар Грујоски со Зоран Јанкуловски и Давор Цветаноски како помошници ќе им судат на Скопје и Струга Трим Лум, а четврти судија ќе биде Марјан Стојановски.
Дербито на колото меѓу шампионот Вардар и вицешампионот Шкендија кое се игра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје од 17 часот ќе го суди Стојанче Трпчевски. Негови помошници ќе бидат Тоше Ицев и Драган Трпчевски, а пак Бењамин Ќерими ќе биде четврти судија.
Александар Ванев, М-Нет