„Орце Ѓорѓиевски, еден од најблиските соработници на Мицкоски, исто така е на екскурзија. Како што шефот ја води државата, како на екскурзија, така и Орце го води Скопје – место каде што главна активност се тендерите“, велат од СДСМ.
„Сѐ уште нема одговор:
• Колку чинеше AI-решението за билбордот? (Веруваме дека е поскапо од вообичаено, бидејќи коњот на билбордот има пет нозе).
• Која фирма го работеше?
• Дали таа фирма има врска со Орце?
• Како е можно билборд што треба да го промовира Скопје повеќе да го промовира Белград и Храмот Свети Сава?
Нема одговор ни за водата.
Не знаеме што покажа дронот што од воздух ги испитуваше Лепенец и Вардар – кој ги загади реките?
Единствено што добија граѓаните од Орце е апел да си го чистат градот од ѓубре, затоа што тој не е способен да го направи тоа.
Тоа е сѐ што доби Скопје од Орце Ѓорѓиевски: екскурзии, скапи AI-билборди со петножни коњи, промоција на Белград и апел граѓаните сами да си го чистат градот“, соопшти СДСМ.
Текстот СДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија – исто како и неговиот шеф! е превземен од МАКФАКС.