Пожарот кај Стрмош и Плешенци ставен под контрола – брзата интервенција спречи поголема штета

Пожар што избувна на 25 јули на тешко пристапен терен помеѓу пробиштипските села Стрмош и Плешенци беше успешно локализиран благодарение на брзата и координирана интервенција на пожарникарите, доброволците и месното население.
Во гаснењето на огнената стихија учествуваа екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Пробиштип, членовите на Доброволното противпожарно друштво „Рудар“ од Пробиштип, како и жители од околните населени места, кои заеднички се справуваа со пожарот во исклучително тешки услови.
И покрај непристапниот терен, пожарот беше навремено локализиран, со што беше спречено неговото понатамошно ширење и избегната е поголема материјална штета.
Надлежните упатуваат благодарност до сите учесници во акцијата, чија пожртвуваност и навремена реакција придонесоа огнената стихија да биде ставена под контрола.