Возел пијан низ Делчево со автомобил од Шведска, приведен 41-годишен возач

На 25.07.2026 во 01:04 часот на ул.„Методи Мицевски Брицо“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода Д.А.(41) од Виница. При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со шведски национални ознаки, кое тој го управувал и по извршени проверки било констатирано дека го управува возилото под дејство на алкохол, односно дека има 1,65 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.