Синоптичарите најавуваат нов топлотен бран, од вторник до 38 степени во источниот регион

Синоптичарите најавуваат нов топлотен бран, со значителен пораст на температурите во наредниот период. Според прогнозата на синоптичарката Јулијана Фиданоска Мишкоска, од вторник следува топло време, а дневните температури во источниот регион ќе се движат од 30 до 38 степени. Таа посочува дека претстои стабилно сончево време, со постепено затоплување и температури над просекот за овој период од годината.

„Во текот на на утрешниот ден ќе имаме и утре посвежо утро, оцобено во Осоговско-Малешевскиот перион кога утринската температура ќе се спушти и до 6 степен, највисоката во раните утрински ласови до 12 степени иова се темепратури кои се под просекот за овој период. Во текот на денот ќе биде сончево, малку поветровито и ќе дува ветер од јужен и јогоисточен оравец. , додека максималните температури ќе бидат во пораст утре од 28 до 33 степени. “

Според најавите на синоптичарката Јулијана Фиданоска Мишкоска, претстои топол период со постепен раст на температурите, а максималните вредности ќе достигнат до 38 степени.

„Во текот на новата работна седница ќе имаме стабилно сончево и топло време со пораст на темепратурите како на утринските така и на дневните. Во понеделник ќе има повремено зголемена облачност и услови за развој на облачност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Од вторник темепературите ќе бидат во понатамошен пораст. Занчи во текот на претстојната седницца од Вторник ни претстои топло време со дневните темеператури за источниот регион во интервал од 30 па се до 38 степени.“- Јулијана Фиданоска Мишкоска

Според најавите на дежурниот синоптичар Фиданоска Мишкоска жешкото време ќе биде особено изразено во текот на работната седмица, кога максималните температури ќе го достигнат својот пик.

Дајана Сандева, М-Нет