
Се поголем број случаи на семејно насилство и насилство врз жените се евидентираат во државата, алармира психологот Марија Чуркоска. Таа предупредува дека насилството не започнува со физичкиот напад, туку многу порано, преку психолошка тортура, навреди, закани и контрола. Затоа апелира жртвите навреме да го препознаат проблемот, да не молчат и без страв да го пријават насилството.
„Семејното насилство пред се не е само физичко насилство, или кога имаме удар или некоја физичка ситуација, насилството започнува многу порано и тоа може да биуде психолошко значи малтретирање со зборови со навреди со уцени. Може да биде економско насилство во заивсност од пари, сексуално насилство. Значи многу повеќе ситуации се случуваат пред да дојде и тоа физичко насилство, така да не само физичкото насилство е она кое се гледа и кое е важно, значи многу е важно да се обрати внимание од претходно на сите ситуации, на сите околности. Кога станува збор за профилот на насилник , најчесто тоа е можеби желбата за доминација, поголрма физичка сила или зависноста во која сакаат да ја стават жртвата. Во позадината на насилникот секогаш има една несигурност, една несигурна личност која не е реализирана, која што не се чувствува добро со себе и сето нтоа го пректира на тој кој што е до него, односно на неговиот партнер. Советот е да се крене гласот и да се побара помош.“- Марија Чуркоска
Според неа, навремената реакција и стручната помош се клучни за спречување на потешки последици и прекинување на кругот на насилството.
Чуркоска е децидна дека ниту една жртва не треба да остане сама, а молкот никогаш не смее да биде посилен од храброста да се побара помош.
Дајана Сандева, М-Нет