Најпогодени од невремето се земјоделците, штети и до 80%, веќе е доцна за ново производство

Големи штети кај земјодлците во истокот по страшното невреме што се случи пред само неколку дена. Земјоделците тврдат дека штетите надминуваат и над 80%, а на некои места и повеќе. Силниот ветер успеал да им ги урне пластениците, да го уништи пиперот и доматот кои штотуку требале да се берат. Разочарани велат дека е доцна за нова сеидба, па ќе продаваат само она што ситно им остана. Освен штети кај зеленчукот, додаваат оти и кај посадените лубеници и дињи.

Дел од нив ги пријавиле оштетувањата, поднеле документи за да им ја обештетат штетата, но велат се уште е рано за конкретен одговор. Очекуваат дека следниот период ќе добијат решение и дека овој проблем ќе биде надминат.

Инаку, покрај тоа што невремето остави големи штети во земјоделството, оштетени се и делови од куќи и згради, како и паднати дрвја во истокот. Во тек е пријавување на штетите во државата.

Дајана Сандева, М-Нет