
Започна културно-историската манифестација „Илинденски коњанички собир“ – Кочани 2026. Свечениот коњички марш тргна од источната страна кај Градскиот стадион „Никола Мантов“, по што коњаниците продолжија низ Стришани и се упатија кон Алејата на ангелите во Градските гробишта во Кочани, каде ќе положат цвеќе во чест на загинатите младинци во „Пулс“.
Во рамки на маршот, учесниците од „Кочанска коњаница ќе поминат низ централното градско подрачје, а на плоштадот кај Градскиот парк ќе биде одржана пригодна културно-уметничка програма.
Коњаничкиот марш, во кој учествуваат десетина коњаници од Кочани и Битола, ќе ја продолжи својата маршрута кон Крушево и Мечкин Камен. Настанот има за цел да ја зачува македонската традиција, да им оддаде почит на илинденците и да го промовира градот Кочани.
Дајана Сандева, М-Нет