Приведен 28-годишен возач во Кочани, возел со 1,99 промили алкохол

На 19.07.2026 во 01:35 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Н.М.(28) од Кочани. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал Н.М. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото под дејство на алкохол односно измерени му биле 1,99 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.