Двајца штипјани приведени по тепачка во Куманово: Кај нив пронајдени остар предмет и пиштол на дијаболи

Двајца жители на Штип се меѓу трите лица кои беа приведени по физичка пресметка што се случила синоќа во Куманово.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 17 јули 2026 година околу 22:50 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Џ.С. (43) и Т.С. (49), двајцата од Штип, како и У.З. (43) од Куманово.
Претходно било пријавено дека на улицата „Христијан Тодоровски-Карпош“ дошло до физичка пресметка меѓу тројцата.
При полициската интервенција, кај приведените биле пронајдени остар предмет и пиштол на дијаболи.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот, против сите инволвирани ќе бидат поднесени соодветни пријави.