
Екипата на Шкендија и на реваншот славеше со минимални 1:0 над екипата на Европа и обезбеди пласман во следната фаза откако со вкупни 6:0 македонскиот вицешампион беше подобар.
Единствен стрелец на реваншот во Скопје беше штипјанецот Ване Крстевски кој погоди за триумф на тетовскиот тим.
Сега Шкендија во следната фаза ќе игра против екипата на Браво од Словенија. Првиот меч ќе се игра во Скопје, а реваншот е во гости.
Екипата на Силекс ги заврши настапите во Европа, откако загуби по драматични пенали, а трагичар за тимот од Кратово беше Ангелче Тимовски од Пробиштип, кој не успеа да реализира од белата точка погодувајќи ја пречката.
Динамо Минск успеа да постигна гол за 0:1 во регуларните 90 минути, а потоа во продолженија немаше погодоци, па мораше победникот да се бара во пенал серијата, која се покажа кобна за тимот од Кратово, со што освојувачот на Купот на Македонија ги заврши настапите во Европа и ќе се фокусира на домашниот шампионат, а тимот од Белорусија оди во второто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА.
Од Македонија активни со европски настапива остануваат шампионот Вардар кој исто така сега ќе игра во второто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА против Рига, како и вицешампионот Шкендија, а противник ќе биде тимот на Браво.
Александар Ванев, М-Нет