
Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со формирањето на ростерот за сезона 2026/2027, а првите потези на раководството се насочени кон задржување на проверените сили. Клубот официјално ја продолжи соработката со Давид Стојанов и Стојан Илиев, кои и во новат сезона ќе го носат дресот на штипскиот состав.
Од клубот истакнуваат дека интензивно се работи на создавање на конкурентен тим кој ќе ги исполни амбициите во домашните натпреварувања, но и достојно ќе ја претстави Македонија на европската сцена.
Зад штипскиот клуб е историска сезона во која за првпат ја освои шампионската титула и ја комплетираше двојната круна, откако претходно три години по пред беше освојувач на Купот на Македонија.
Следен голем предизвик за Штип УГД ќе бидат квалификациите за ЦЕВ Лигата на шампионите, каде македонскиот шампион ќе ги одмери силите со холандискиот првак Орион Старс, во историскиот дебитантски настап на клубот во најелитното европско клупско натпреварување.
Александар Ванев, М-Нет