
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев се огласи по приведувањето на Александар Лазаров – Цуна, по кого беше распишана меѓународна пптерница по бегството од полициската станица во Кочани. Тој беше уапсен синоќа во Скопје.
„Како институција, целото наше колективно и индивидуално знаење, искуство, посветеност и интегритет ги вложуваме во борбата против криминалот и во исполнувањето на нашата основна задача заштита на граѓаните и испорачување безбедност.
Истовремено, сакам јасно да порачам дека со пронаоѓањето на бегалецот не завршува и нашата обврска за целосно расчистување на случајот. Внатрешната истрага продолжува и секој што со постапување или непостапување придонел за овој настан ќе сноси одговорност согласно закон и утврдените процедури.“- Вели Јанев.
Јанев додаде дека одговорност мора да има а пропустите мора да бидат утврдени.
Дајана Сандева, М-Нет