
Во сабота, 18 јули, со почеток во 18:05 часот, во Паркот на Револуцијата во Кочани ќе се одржи 47. „Марш на ангелите“, во чест на 63-те жртви и повредените од трагедијата.
Маршот ќе продолжи низ центарот на градот, по рутата: Трговски центар Кочани, Општина Кочани, Државен инспекторат за труд, УЈП Кочани, МВР Кочани и Основен суд Кочани.
Организаторите порачуваат дека „правдата не е минато, правдата е иднина“, нагласувајќи дека секој пропуст носи одговорност, а секоја одговорност значи заштита на човечкиот живот. Тие ги повикуваат граѓаните да се приклучат на маршот, со цел заеднички да се избори правда и побезбедна иднина, со порака дека ваква трагедија никогаш не смее да се повтори.
Дајана Сандева, М-Нет