
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска беше во посета на општина Чешиново-Облешево, каде разговараше со оризопроизводители за проблемите со кои се соочуваат. Тој посочи дека земјоделците имаат големи количини неоткупен ориз од минатата година и дека се соочуваат со неизвесност околу откупните цени и субвенциите. Филипче се осврна и на појавата на овчи сипаници во село Соколарци, поврзувајќи ја состојбата со ризиците од несоодветното складирање на земјоделските производи.
„Денес сме во посте на овој регоион во општината Чешиново-Облешево, ќе посетиме уште неколку места во општини Кочани, Лозово, Карбинци и практично да поразговараме со чуѓето кои што во овие региони одгледуваат приз, оризопроизвдителите кои што се соочуваат со огромно проблеми кои што прооизлегуваат од тоталната нзаинтересираност на Власта да им помогне на луѓето. Прво заостанатите количини од минатата година, само половина од произведениот ориз е откупен од минатата година, 50% седи по амбарите, никој не е езаинтересиран да го откупи. Глувци има по амбарите, ризик да се прошири од болести во овој регион. Дополнително на сите овие проблеми никаква насока, ниту најава за откупни цени или субвенции за оризот кој што се произведува оваа сезона. Најавите се дека откупната цена ќе биде многу ниска, додека во времето на нашите Влади откупната цена беше над 40 денари додека сега е по 20 денари. “- Изјави Венко Филипче на денешната посета во општина Чешиново-Облешево
Венко Филипче се осврна и на ситуацијата со овчите сипаници во село Соколарци, дециден беше тој дека со полни амбари и глувци што шетаат нее зачудувачки да има болести.
„Да асполутно со сите во целиот регион, еве веќе предупредив дека ќе се појавуваат болести. Кога има полни амбари жито, полни амбари ориз, тоа е сериозен извор за ризик од болести.“- Додаде Филипче
Тасова посочи дека во село Соколарци било уништено цело стадо овци поради појава на овчи сипаници, а сточарите се соочуваат со сериозни финансиски тешкотии за надминување на последиците.
„Имаме информација дека вчера во село Соколарци е убиено цело стадо на овци бидејќи било заболено од овчи сипаници, Луѓето немаат финансии да ги лекуваат затоа што самата болест оди со тешки клиничка слика и луѓето немаат финасии за целиот тој трошок да можат да го поднест“- Сања Тасова Анчова, СДСМ
Состојбата со оризопроизводството и појавата на болести кај добитокот, според Филипче, се дополнителен сигнал за неопходност од посериозен пристап и помош за земјоделците.
Дајана Сандева, М-Нет